Ливерпул стартуваше со победа во новата сезона, но до неа дојде многу потешко од очекувањата. Лидс беше на чекор до бод, но Салах од пенал во самиот финиш му донесе три бода. Нашиот Алиоски остана на клупата за резерви.
Мечот беше отворен уште во четвртата минута, Клих играше со рака, судијата покажа на белата точка. Салах реализираше за водство на Ливерпул од 1-0.
Во 12. минута Харисон постигна убав погодок и го изедначи резултатот на 1-1, но само осум минути подоцна Ван Дајк со глава реализираше и го врати водството на Ливерпул.
Во 30. минута Ван Дајк направи кикс кој го искористи Бамфорд за ново израмнување, овој пат 2-2, но три минути подоцна Салах постигнува убав гол за трето водство на Ливерпул.
Во второто полувреме возбудувањата продолжија, Клих во 66. минута на одличен начин ја затресе мрежата на Ливерпул за израмнување на 3-3.
Ливерпул напаѓаше но без некој поголем ефект, сепак дебитантот Родриго направи прекршок за пенал в 87. минута, Салах уште еднаш погоди за негов хет-трик и победа на црвените од 4-3.