Лидс ќе треба да плати 21 милион евра за играч кој одигра само 48 минути

by
1 минути читање

Лидс во јануари
2020 година го ангажираше Жан Кевин Огусин на позајмица до крајот на сезоната,
со обврска во целост да го купи фудбалерот доколку обезбеди промоција во
Премиерлигата.

Напаѓачот не се
наметна на „Иланд Роуд“, одигра само 48 минути па Лидс се обиде да најде дупка
во договорот и на РБ Лајпциг да не му плати 21 милион евра.

„Белите“ се
правдаа дека договорот за позајмица бил до 30. јуни, а поради продолжување на
сезоната поради ковид-19 пандемијата, тие обезбедиле промоција подоцна, па клаузулата
била неважечка.

Сепак, ФИФА не
гледаше така на работите и пресуди во корист на РБ Лајпциг, а истото сега го
стори и Судот за Спортска арбитража. ТАС ја одби жалбата на Лидс и потврди дека
клубот од Премиерлигата мора да плати 21 милион евра на три рати.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×