Лично Меси побарал од Бекам да го доведе Модриќ во Интер Мајами!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Модриќ заминува од редовите на Реал Мадрид и ќе побара нова средина.

Главното прашање сега е – каде ќе ја продолжи кариерата капитенот на Хрватска? Пензија не изгледа како опција, барем не веднаш. Се шпекулира дека Модриќ ќе одигра уште една сезона, па ќе настапи на Мундијалот во 2026 со „коцкестите“, а потоа ќе се збогува со фудбалот.

Според информациите на шпанска Marca, многу е веројатно дека следната дестинација на Лука ќе биде САД – поточно Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам. Но, клучниот човек зад оваа идеја бил никој друг туку Лионел Меси. Аргентинецот, кој веќе игра за Интер, го побарал Модриќ како засилување и изразил желба да го има поранешниот ривал од Ел Класико како соиграч.

Интер Мајами наводно е решен да направи сè за да го убеди Модриќ да дојде во МЛС и таму да го заокружи блескавото фудбалско патување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани