Лиам Делап дојде како големо засилување за нападот во Челси, ноќеска го постигна и својот првенец за тимот од Стемфорд Бриџ, а кога сме кај ова славно презиме, да се потсетиме и на неговиот татко.
Голем дел од новата генерација на фудбалски фанови не го знаат таткото на Лиам, Рори Делап кој имаше специфична вештина.
Рори Делап својата најголема промоција како фудбалер ја имаше во Стоук, а неговата специфика беше изведување на аут.
Секој аут на Стоук во половината на противникот беше како корнер, Делап кој беше играч од средниот ред, силно и далеку ги фрлаше аутите.
Стоук од неговите аути постигна многу голови, тој им создаваше сериозни проблеми на противниците.
Дел од аутите на Делап кој поради уникатната вештина долго ќе се памети во Англија, но и пошироко.
Фото: X/Stokecity