Леви седнал на маса со претставници на Баерн, се договара продажбата на Кејн

by
1 минути читање

Претседателот на Тотнем, Даниел Леви се сретнал со извршниот директор на Баерн Минхен, Јан-Кристиан Дресен да разговараат за потенцијална преселба на Кејн во германскиот гигант.

Според „Скај Спортс“, нема прогрес во разговорите, но важно е што дијалогот е отворен иако ова не е првпат Леви да се сретне со претставници на Баерн.

Тотнем се обидува да го убеди Кејн да потпише нов договор, засега тоа тешко им оди. Наводно тие покрај огромна плата од 400.000 фунти неделно, му понудиле и работа во клубот по крајот на кариерата.

Кејн преферира трансфер во Баерн Минхен, но ги почнува подготовките со Тотнем, ќе биде дел од турнејата во Австралија на која спарси заминуваат денеска.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани