Леви: Имаме клаузула за враќање на Кејн!

by
1 минути читање

На форумот, Леви соопштил дел од договорот со Баерн Минхен за купопродажбата на Кејн, кој досега не беше познат за јавноста.

„Постои клаузула со која можеме да го откупиме повторно Хари Кејн“, рекол Даниел Леви.

Ниту имало дообјаснување на ова или пак, проекција, што во пракса може да значи, сепак, пораката доби висока позиција во медиумите синоќа и ова утро. Кејн замина во Баерн Минхен за 100 милиони фунти, ставајќи крај на својот двецениски престој во Тотнем, кој почнал во 2004 година, кога дошол од Вотфорд, како 11-годишно момче.

Договорот со Баерн Минхен му трае до 2027 година, но останува да се види како оваа „клаузула за откуп“ ќе влијае на судбината на фудбалерот, кој наполни 30 години.

Од 2011 наваму, одигра 435 официјални меча за Тотнем, во кои постигна 280 гола, со што е клупски рекордер. Малку му недостигаше да биде и рекордер по бројот на голови во Премиерлигата, каде што се уште владее Алан Ширер со 260 погодоци. Кејн застана на 213 и можеби директно зависи од калузулата на Леви дали ќе има шанса да се бори за титулата најдобар голгетер во историјата на Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани