Леверкузен сега се засили од Ливерпул и тоа за клупски рекорд!

by Стефан
1 минути читање

Баер Леверкузен го собори клупскиот рекорд за трансфер откако од Ливерпул го донесе младиот англиски дефанзивец Џарел Кванса, објави Фабрицио Романо.

Според информациите, германскиот шампион за неговите услуги ќе плати 35 милиони евра, со што ќе биде надминат досегашниот најскап трансфер во клупската историја, оној на Керем Демирбај од 32 милиони. Дополнително, договорени се уште шест милиони евра во бонуси.

Кванса ќе потпише договор до 2030 година и се очекува да биде долгорочна замена за Џонатан Тах, кој е на излезна врата од клубот. Леверкузен средствата за овој трансфер делумно ги обезбеди од продажбата на Флоријан Вирц кој тргна во спротивен правец и кариерата ја продолжи на „Енфилд“.

Фото: Liverpool FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×