Леверкузен маршира кон титулата, тимот на Алонсо го понижи Баерн Минхен! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во дуелот меѓу двата најдобри тима во Бундеслигата оваа сезона, Баер Леверузек убедливо го совлада Баерн Минхен.

Станишиќ во 18. минута ја најави победата, донесе водство за Леверкузен од 1-0.

По пет минути игра во вториот дел Грималдо зголеми на 2-0.

Во 95. минута кога пред голот на Леверкузен отиде и Мануел Нојер, Фримпонг погоди во празната мрежа на Баерн и ги постави конечните 3-0.

Леверкузен оваа сезона има 31 меч во сите натпреварувања, од нив 27 се победи и четири нерешени. Тимот на Алонсо уште не знае за пораз. Имаат 93 дадени голови и 22 примени.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×