Леверкузен го шокираше Баерн во 94. минута, само бод за Баварците (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн беше близу до победата откако четири минути пред крајот на регуларниот дел Леон Горецка погоди за второ водство, еден вид казна за промашените шанси на „фармацевтите“ преку Флоријан Вирц и Виктор Бонифасе во последната четвртина од мечот, па Баер одговори во најболно време за минхенскиот гигант.

Во 94-та минута после реакција на ВАР, гостите добија пенал, а Езекил Паласиос погоди од белата точка за израмнување.

За да биде драмата поголема, Баерн дојде и до трет гол во 98-та минута, но погодокот на Дајот Упемекано беше поништен од офсајд.

Претходно Хери Кејн четврти меч по ред даде гол, стана прв фудбалер на Баерн кој во првите четири кола дал во секое по барем гол, после Мирослав Клозе во 2007 година, а овој погодок патем испадна негов јубилеен 300-ти во кариерата. Алехандро Грималдо, пак, со прекрасен гол од слободен удар во 24-та израмни.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани