Еден од фудбалерите кои е во најлоша форма е Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач е во најдолг свој пост од февруари 2011 година. Врза шест натпревари без постигнат гол. Што значи дека повеќе од една деценија не бил во вака лоша форма
Левандовски има шест голови на 13 натпревари оваа сезона што е просек помал од 0,5 погодоци по натпревар.
Дополнително, Левандовски уште нема постигнато гостински гол во Лигата на шампионите во дресот на Барселона. Последен пат да даде гол на туѓ терен во ова натпреварување се случило на 23. ноември 2021 на мечот меѓу Динамо Киев и Баерн Минхен. Оттогаш одиграл шест гостински натпревари во ЛШ и не постигнал гол. И тоа е негова најлоша серија.
Од 13 одиграни натпревари оваа сезона, Лева постигна голови само на пет. Даде по еден погодок на Виљареал, Осасуна, Бетис и Антверепен и двапати погоди против Селта.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.