Леванте со продажба на Барди ќе ги решава финансиските проблеми?

by
1 минути читање

Шпанските медиуми пишуваат дека Леванте мора да продава за да ја оствари планираната финансиска проекција. Во моментов клубот е во минус и има рок до 30 јуни да ја анулира таа негатива.

Тоа не може да го стори без да продаде некоја од своите ѕвезди, се верува дека на Барди можат да му извадат најмногу пари па тој ќе биде и прва опција за продажба.

Се шпекулира дека Њукасл е сериозно заинтересиран за Барди, англискиот премиерлигаш го сака македонскиот фудбалер уште во јануари, но Леванте може да калкулира со негова продажба бидејќи не мора да го продаде уште во зимскиот преоден рок.

Што ќе одлучи ќе зависи и од понудите кои ќе ги добие. Ваквиот развој на настаните може да му донесе поатрактивен клуб на Енис Барди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×