181
Барди со Леванте ќе игра во полуфиналето од Купот на Шпанија против Севиља откако денеска за еден гол беа подобри од Виљареал.
Немаше погодоци во регуларните 90 минути, па мечот премина во две продолженија од по 15. минути. Веќе течеа последните мигови од продолженијата и кога сите мислеа дека пеналите ќе го решаваат победникот, Роџер постигна гол за победа на Леванте од 1-0.
Леванте во полуфиналето ќе игра против Севиља која синоќа со 1-0 ја совлада Алмерија.