Леванте го промовираше новото засилување во нападот: Требаше да потпише за Манчестер јунајтед, но…

by
1 минути читање

Леванте на нашиот Енис Барди полека го крои тимот за новата сезона, попдланево како нови засилувања беа промовирани напаѓачот Весли Мораеш и голманот Хоан Феменијас.

Весли Мораеш има интересна животна приказна, едната нога му е пократка од другата за 3 цм, но љубовта кон фудбалот била огромна па станал професионалец.

Во 2019 направи трансфер во Астон Вила вреден 25 милиони евра, импресионираше на почетокот, но потоа доживеа пех, го повреди коленото и повеќе од една година не играше фудбал.

„Весли, пред да се повреди требаше да биде продаден на Манчестер јунајтед за 60 милиони евра“ – рече на денешната прес конференција спортскиот директор на Леванте, Фелипе Мињамбрес.

„Доколку се беше нормално со него, сигурно немаше да можеме да го донесеме. Но има специјални ситуации поради кои се отвараат одредени шанси“.

Ова ќе биде трета позајмица за Весли во последните 12 месеци. Во август минатата година беше испратен на позајмица во Клуб Бриж, за потоа во јануари 2022 година да биде испратен на позајмица во Интернасионал.

Останува да се види дали Бразилецот ќе успее да си ја врати кариерата на прав пат во втората лига на Шпанија и да му помогне на Леванте експресно да се врати во елитата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани