Левандовски: Во Барселона се чувствувам како дете кое има нова играчка

by
1 минути читање

Левандовски очајно посакуваше да си замине од Баерн Минхен и да се пресели во Барселона, на крајот тоа се случи, мисијата му успеа иако не беше лесно.

Во последното интервју тој уште еднаш ја потенцираше потребата од промена во кариерата и животот како главна причина за трансферот.

„Јасно ми е дека повредив многу фанови, го разбирам тоа и можам само да им се извинам“, вели Левандовски.

„Ми беше важно и неопходно да направам промена. На крајот на денот, сите сме луѓе. По 12 години во Германија, морав да ја завршам мојата ера таму и да пробам нешто ново“.

„Знам дека не беше лесно за Баерн да прифати продажба. Ситуацијата беше тешка за сите вклучени, но моравме да го најдеме најдоброто решение“.

„Оваа промена ми беше потребна, да се преселам во нова земја, во нов клуб. Сега се чувствувам како дете кое има нова играчка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани