Левандовски: Во Баерн зборуваа глупости и ср*ња за мене!

by
1 минути читање

Во интервју за „ЕСПН“, напаѓачот рече дека во Баерн Минхен го лажеле, а со измислувае на глупости сакале да ја срушат неговата репутација со цел фановите да стекнат лошо мислење за него.

Левандовски од новинарот на „ЕСПН“ беше запрашан дали е вистина дека од Баерн заминал по шпекулациите дека Ерлинг Халанд ќе дојде.

Нема да откријам за што станува збор, но не е поврзано со Халанд. Јас сум човек на кој му е најважна вистината, дури и кога таа е лоша за мене. Нема да откријам за што точно се работи, но не е за Ерлинг“, вели Левандовски.

„Почувствував дека е време да си одам. Сега сметам дека сум на вистинското место. Беше време за ново поглавје во мојот живот и кариера“.

„Имаше многу политика во последните недели пред да заминам. Клубот се обидуваше да најде причина зошто ме продава бидејќи е тешко да им се објасни на фановите. Па за мене почнаа да зборуваат многу глупости и срања, но тоа не беше вистина, знам дека навивачите и ден денеска се на моја страна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани