Левандовски влезе во „клубот 100“, Барселона победи во Билбао за крај на сезоната (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона вечерва во последниот натпревар од Ла Лига сезона гостуваше на „Сан Мамес“ и триумфираше со убедливи 0:3 со што со стил ја заврши сезоната во која веќе ја прославија шампионската титула.

Двоен стрелец беше Роберт Левандовски, кој по целосното заздравување од повредата повторно блесна. Првиот гол го постигна уште во 14. минута, во ситуација еден на еден, по одлично проигрување од Лопез. Полјакот мајсторски го лобуваше голманот и донесе водство за Барса – 0:1.

Само четири минути подоцна, Левандовски повторно беше во вистинско време на вистинското место, по корнерот на Рафиња полскиот напаѓач најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата по втор пат. Со овој погодок го запиша својот 100. гол во дресот на Барселона. Во финишот Дани Олмо од пенал ги постави конечните 3-0.

Освен резултатот, денешниот натпревар го одбележа и прошталната сцена на Оскар де Маркос, легендата на Билбао, кој од 2009 година е верен на клубот. На 35 години, стави крај на својата богата кариера, а навивачите му оддадоа достојна почит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани