156
Баварците ја оправдаа улогата на фаворити против Ал Ахли и рутински со по еден гол во двете полувремиња дојдоа до триумфот.
Резултатот беше отворен во 17. минута кога Левандовски погоди за 1-0, полскиот напаѓач во 86. минута со глава ги постави конечните 2-0.
Баерн Минхен во финалето ќе игра против Тигрес кои претходно го победија Палмеирас со 1-0.