Фановите на Барселона имаат нов миленик, Роберт Левандовски денеска со овации беше пречекан од навивачите на каталонскиот тим кои дојдоа на Камп Ноу да го поздрават.
„Многу сум среќен што дојдов во овој култен и голем клуб како што е Барселона. Среќен сум што ќе имам шанса да играм на Камп Ноу. За мене е посебно тоа што ќе играм пред вакви навивачи и се надевам дека на крајот заедно ќе славиме титули“, рече Левандовски.
Левандовски ќе го носи дресот со број девет кој во минатата сезона го носеше Мемфис Депај.
За време на промоцијата Левандовски се заигра со топката, покажа вештини по кои беше наречен Роберт Левандињо од админот на твитер профилот на Барселона.
Robert Lewandinho! pic.twitter.com/sNzcJbhPoW
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2022