Левандовски се отпиша од Барселона: Четири години, три титули… мисијата е исполнета!

by bojan
1 минути читање

Роберто Левандовски со објава на социјалните мрежи соопшти дека ја напушта Барселона по крајот на сезоната.

Роберт Левандовски реши една дилема кога е во прашање иднината, напаѓачот нема да ја продолжи соработката со Барселона и по крајот на сезоната го напушта „Камп Ноу“.

Со објава на социјалните мрежи тој попладнево соопшти дека завршува неговата авантура во Каталонија.

„По четири години исполнети со предизвици и напорна работа, дојде време за нова авантура. Заминувам со чувство дека мисијата е исполнета: четири години, три титули“ – напиша Полјакот.

„Никогаш нема да ја заборавам љубовата од навивачите, Каталонија засекогаш ќе биде мојот дом“.

„Благодарам на сите што беа дел од ова прекрасно четиригодишно патување, особено сакам да му се заблагодарам на претседателот Лапорта што ми овозможи да го живеам најубавото поглавје во мојата кариера“.

„Барса се врати онаму каде што припаѓа!“

Сега останува да се види каде Роберт Левандовски ќе ја продолжи кариерата, последните информации велат дека од Саудиска Арабија има понуда која не се одбива, односно 90 милиони евра по сезона.

Претходно се поврзуваше со Серија А (Милан и Јувентус) и МЛС (Чикаго Фајр).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×