Левандовски од Барселона се сели во Атлетико Мадрид!?

by
1 минути читање

Иако се големи ривали, често се случуваат трансфери меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, од поновите случаи тоа се Жоао Феликс, Мемфис Депај, Луис Суарез, Антоан Гризман, Арда Туран… можно е на оваа листа да се приклучи и Роберт Левандовски.

Шпанскиот новинар, Рубен Уриа кој внимателно ги следи случувањата во Атлетико Мадрид, вели дека во летниот преоден рок треба да се внимава на можен трансфер на Левандовски во мадридскиот клуб.

Тој не објавува дека има почеток на преговори меѓу клубовите, но посочува дека тоа може да се случи.

Барселона сака да го задржи Жоао Феликс, па логиката вели дека Левандовски би бил дел од еден таков трансфер. Дополнително платата на полскиот напаѓач според договорот треба да се зголеми на 16 милиони евра, што дополнително ќе го оптовари буџетот.

Левандовски во лоша форма ја почна сезоната, но во овој период има значително подобрување на статистиката, на последните 12 меча постигна осум голови и запиша четири асистенции.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×