Роберт Левандовски се опорави од повредата во пресрет на реваншот против Интер во полуфиналето во Лигата на шампиони, напаѓачот го известил тренерот дека е подготвен да истрча на теренот од првата минута.
Барселона вечерва гостува на „Џузепе Меаца“ и ќе го игра еде од најважните натпревари оваа сезона, ќе се борат за место во финале во Лигата на шампиони.
За пресметката во Милано, „каталонците“ ќе бидат засилени со Роберт Левандовски, кој го пропушти првиот натпревар поради повреда.
Полјакот се опорави, и како што пренесува Релово, испратил силна порака до тренерот Ханси Флик – го известил дека е подготвен за настап од првата минута.
На средбата со новинарите, Ханси Флик рече дека Роберт Левандовски најверојатно ќе се најде помеѓу резервите.
„Тој е подготвен да ни помогне, но мислам дека ќе стартува на клубота. Ајде да почекаме и да видиме“ – рече тренерот на Барселона на прес конференцијата.