Левандовски ги изненади сите откако на стартот од промоцијата на шега се претстави: „Добар ден, моето име е Роберт, јас сум од Полска, живеам во Барселона“.
„Многу сум среќен што сум тука, беше тешко да се дојде до тука, но на крајот успешно се заврши, имаме многу работа пред нас“.
„На мечот против Интер Мајами видов многу потенцијал и квалитет. Сакам да бидам дел од овој голем клуб со импресивна историја. Сакам да креирам нова историја и да освојувам титули“.
„Изминатите неколку дена не беа лесни, но подготвен сум да бидам дел од тимот, тренирам и се надевам дека ќе играм на следниот натпревар“.
„Напаѓачите мора да бидат подготвени да постигнуваат голови иако најважно е да се победи, тоа е најважната работа и тоа е новиот предизвик за мене. Секогаш треба да бидете гладни за победи и јас сум на вистинското место за тоа“.