Левандовски: Ми кажаа дека останувам без капитенската лента додека ги заспивав децата

by bojan
1 минути читање
Левандовски

Роберт Левандовски се огласи по скандалот кој го креираше и повлекувањето од репрезентацијата на Полска се додека селектор е Михал Пробјеж.

Напаѓачот на Барселона, доцна синоќа ја разбранува нацијата откако со кратко соопштение на социјалните мрежи објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата се додека на кормилото е Михал Пробјеж.

Недоразбирањата помеѓу двајцата се поради капитенската лента, селекторот денеска се правдаше дека морал да повлече ваков потег „за доброто на тимот“.

Својата страна на приказната сега ја раскажа и Роберто Левандовски.

„Имам впечаток дека селекторот подлегна под притисокот на медиумите. Тој го прекрши нашиот договор, и тоа многу ме погоди и изненади“ – вели Роберт Левандовски.

„Додека јас ги заспивав децата, Михал Пробјеж ми се јави за да ме информира дека ќе останам без капитенската лента. Ме изненади, не бев подготвен за нешто вакво. Разговорот траеше неколку минути. Немав време ниту да го известам семејството, ниту пак да разговарам со некого за тоа што се случува, бидејќи само неколку моменти подоцна, се појави соопштение на официјалната веб страна на ФФП. Начинот на кои ме информираа беше целосен шок“.

„Не сум капитен година или две, ја носам капитенската лента 11 години и 17 години сум репрезентативец. Мислам дека требаше на поинаков начин да се испеглаат работите“.

„Тренерот ме предаде. Многу сум повреден, не се работи за одлуката да останам без капитенската лента, туку начинот на кој ми беше сето ова соопштено“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани