Левандовски ја посетил соблекувалната на Баерн, Милер вели: Жал ми е за него, знам колку е амбициозен

by
1 минути читање

Роберт
Левандовски изминатово лето реши да стави крај на престојот во Минхен и се реши
за авантура во Барселона.

Судбината веднаш
го стави Појлакот на мегдан со поранешниот клуб, а Роберт Левандовски немаше
добро искуство. Напаѓачот ниту еднаш не ја затресе мрежата, два пати загуби и
беше елиминиран од Лигата на шампиони.

Медиумите од
Германија пренесуваат дека по крајот на синоќешниот натпревар на Камп Ноу,
Роберет Левандовски ја посетил соблекувалната на Баерн Минхен и разговарал со своите
поранешни соиграчи.

Дали напаѓачот
изразил каење за својата одлука никој не сака да каже, Томас Милер само кратко
рече: „Жал ми е за Лева, знам колку е амбициозен“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×