По дуелот со Волфзбург
во последното коло од оваа сезона, Роберт Левандовски изјави дека тоа веројатно
е неговиот последен натпревар во Баерн Минхен.
Раководството на
„баварците“ веднаш му одговори и порача дека напаѓачот ќе треба да ја одработи
и последната година од договорот.
Сепак, Роберт
Левандовски не се предомислува и вели дека неговата авантура во Минхен е речиси
завршена.
„Мојата иднина
завриси од неколку фактори но мислам дека ситуацијата е прилично јасна и нема
потреба да говорам многу. Тешко е да се каже дека и следната сезона ќе играм во
Баерн Минхен“ – рече Полјакот во разговор со Елевен Спортс.
Тој потоа даде кратка
изјава и Скај и рече: „Ќе дојде време кога ќе треба да кажам нешто повеќе.
Мислам дека наскоро ќе можам да споделам нешто ново.
Роберт
Левандовски е желба на Барселона и се говори дека „каталонците“ со месеци
работат со неговиот агент Пини Захави на трансфер на Камп Ноу.