Левандовски: Имав разговори со Реал… но кога Барса тропна на вратата, не ме интересираше ниту еден друг клуб

by
1 минути читање

По долги
шпекулации, Роберт Левандовски минатиот месец направи трансфер во Барселона, и
минатата недела беше промовиран на Камп Ноу пред преку 50.000 навивачи.

Неговиот
поранешен агент, Маик Бартел неодамна упати зајадлив коментар и на социјалните
мрежи напиша: „Целиот живот сонуваш за настап во Реал Мадрид, а сега ќе завршиш
во Барселона? Ок“

Во разговор со
Спорт1, напаѓачот сега одговори на провокациите и рече: „Речиси пет години не
сум имал никаков контакт со него. Човек може да ги промени желбите во волку
долг период. Точно е дека имаше разговори со Реал Мадрид, но ништо не се
случи“.

„Отсекогаш сакав
да играм во Ла Лига, тоа ми беше јасно. И кога сега Барселона тропна на вратата, Барса беше единствената опција за мене. Имав понуди од други клубови, но не ме
интересираа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани