Левандовски добил луда понуда како дел од предизборна кампања!

by Стефан
1 минути читање

Полскиот голгетер Роберт Левандовски добил понуда вредна околу 20 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси за да потпише за Фенербахче, пренесува добро информираниот полски новинар Томаш Влодарчик.

Сепак, понудата не доаѓа директно од Фенербахче, туку од Хакан Сафи, еден од двајцата кандидати за претседател на турскиот гигант на изборите кои ќе се одржат на 6 и 7 јуни.

Според информациите, Сафи вчера испратил официјална понуда до луѓето блиски до напаѓачот на Барселона, вклучувајќи го неговото ангажирање како дел од својата предизборна програма. Бизнисменот на изборите ќе се обиде да го победи Азиз Јилдирим, легендарниот претседател на клубот кој беше на чело на Фенербахче од 1998 до 2018 година и повторно е кандидат за функцијата.

Предизборната кампања во турскиот гигант е исполнета со амбициозни ветувања за враќање на клубот на самиот врв на турскиот и европскиот фудбал, а можниот трансфер на Левандовски е еден од главните адути со кои Сафи сака да ја придобие поддршката од членовите на клубот.

Сепак, реализацијата на овој трансфер засега е далеку од сигурна. Според истиот извор, сè уште нема конкретен став од страна на полскиот напаѓач, ниту пак индикации дека е блиску до конечна одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×