66
Левандовски неколкупати јавно кажа дека сака да си замине од Баерн Минхен и дека не е задоволен од односот на клубот во овој период. Тој сака трансфер во Барселона, но раководството на Баварците игра тврдо и нема намера да го пушти евтино и покрај се што има направено за нив.
Но, Левандовски нема намера да бојкотира, тој од денеска ќе му се приклучи на подготовките на Баерн Минхен кои се веќе почнати.
Полскиот напаѓач како и сите кои играа во Лигата на нации за своите репрезентации, добија една недела повеќе одмор.
Неговата иднина и понатаму не е јасна, Барселона ќе продолжи да се обидува да се договори со Баерн Минхен за негов ангажман, дали ќе успее, останува да видиме.