Лестер притиска за позајмица на Ериксен

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека од Лестер притискаат
за позајмица на Кристијан Ериксен од Интер, меѓутоа платата на Данецот, како и
условите околу тоа прашање остануваат пречка за „Лисиците“.

„Дејли мејл“
извести за интересот на Лестер за Ериксен, а потоа имаше потврда и од други
медиуми како „Скај Спорт“ дека постојат преговори помеѓу Лестер и Интер за
плејмејкерот.

Се верува дека
проблем е неделната плата од 300,000 евра на фудбалерот, од која дефинитивно
сака да се ослободи Интер, меѓутоа не се отфрла било каква можност за
реализација на оваа позајмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×