По заминувањето на Клаудио Раниери, фудбалерите на Лестер покажаа дека можат да играат многу подобро откако ги победија дуелите против Ливерпул и Хал.
Се шпекулираше со неколку познати имиња за нов тренер на тимот, но раководството на Лестер одлучило довербата да му ја даде на Крег Шекспир.
Крег Шекспир го презема кормилото од Раниери и планот беше тој да биде само привремено решение додека не биде назначен нов перманентен тренер, но игрите против Ливерпул и Хал го предомислија раководството.
Лестер патува во Дубаи за време на паузата до следното коло, а според новинарот Дејвид Вудс од Дејли Стар, токму таму Шекспир ќе биде назначен за нов тренер на тимот.
Craig Shakespeare is set to be confirmed as Leicester boss in Dubai this week
— David Woods (@DavidWoodsStar) March 4, 2017