Лестер го победи и Челси и се качи на врвот во Премиерлигата, силно се тресе столчето на Лампард (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лестер барем до утре ќе биде лидер во Премиерлигата откако денеска го победи Челси со 2-0 и освои три бода кои го лансираа на првото место.

Резултатот го отвори Ендиди уште во шестата минута од мечот, а пред крајот на првиот дел Медисон постигна гол за конечни 2-0.

Во финишот од мечот Вернер даде гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.

Овој пораз дополнително го затресе столчето на Френк Лампард, Челси е на осмата позиција на табелата, а може да биде поминат и од други екипи кои имаат помалку мечеви од нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани