64
Лестер направи
полн погодок во 2012 кога му укажа шанса на Џејми Варди, кој во тоа време го
носеше дресот на петолигашот Флитвуд Таун.
Напаѓачот блесна минатата сезона, и со 24 погодоци во Премиерлигата го предводеше Лестер до титулата.
„Лисиците“ сега
се обидуваат да најдат нова потенцијална ѕвезда од ниските лиги на Англија, и
како што пренесуваат медиумите од „Островото“ следната недела на Кинг Пауер
Садионот на проба ќе пристигне играч од Стафорд Ренџерс.
Се работи за 22
годишниот напаѓач Џош Гордон кој има 10 погодоци на 16 натпревари.