Лесно е кога газдата е милијардер: Нема да прифатиме 80 милиони евра од Реал Мадрид зa Камавинга

by
1 минути читање

17 годишното
момче важи за еден од најперспективните играчи во Европа, со своите одлични
настапи го привлече вниманието на гигантите, Флорентино Перез сериозно загриза
и се шпекулира дека е подготвен да плати дури 80 милиони евра за да го донесе
младиот Французин во Реал Мадрид.

Од таборот на Рен
не сакаат да се разделат со својата млада ѕвезда и новиот спортски директор
порача дека фудбалерот од средниот ред не на продажба.

„Никогаш не сме
разговарале за заминување на Каванига. Момчето е дел од проектот за следната
сезона“
– вели Флоријан Морис.

„Што ако Реал
Мадрид ни понуди 80 милиони евра? Одговорот е НЕ. Сакаме тој да продолжи да
напредува тука. Секако дека тој има големи амбиции и веројатно има желба да
игра во друг клуб, но во моментов е под договор со Рен и ние немаме намера да
го продадеме“.

Спортскиот
дирекот на Рен веројатно со леснотија може да завземе ваков став бидејќи
сопственикот е милијардер и го купи клубот од љубов кон фудбалот и градот а не за да прави пари. Се работи за Франсоа Пино, чие богатство
се проценува на над 30 милјарди долари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×