Лесна победа на Милан во Прага, Вест Хем му даде пет гола на Фрајбург (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан со 4-2 славеше во првиот дуел со Славија Прага, а слично беше и денеска на дуелот во Чешка.

Росонерите по првото полувреме имаа водство од 3-0 со голови на Пулишиќ, Лофтус-Чик и Леао. Во вториот дел ја тргнаа педалата од гас, па Славија Прага во финишот преку Јурашек постигна почесен гол за конечни 1-3.

Фрајбург го победи Вест Хем во Германија со 1-0, но денеска доживеа дебакл во Лондон каде загуби со 5-0.

Кудус постигна два гола, по еднаш погодија Пакета, Боуен и Кресвел.

Бенфика во Лисабон не го победи Ренџерс, дуелот таму заврши 2-2. Но португалскиот тим денеска со 1-0 славеше во Глазгов и оди понатаму.

Виљареал со 3-1 го совлада Марсеј, но францускиот тим имаше недостижна предност од 4-0 која им беше доволна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×