Лерој Сане пред кам-бек во Премиер лигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Лерој Сане би можел повторно да заигра во Премиерлигата, откако според информации од Англија, крилниот офанзивец на Баерн Минхен им бил понуден на редовите на Тотнем.

Германецот е во последната година од договорот со баварскиот гигант и не е исклучено летово да се пресели како слободен агент. Фактот дека Тотнем обезбеди пласман во Лигата на шампионите може да биде силен мотив за Сане да го прифати предизвикот и повторно да заигра во Англија.

Сане веќе има Премиерлигашко искуство зад себе, откако со години беше дел од Манчестер Сити, каде остави солиден впечаток.

Во изминатата сезона, 29-годишниот офанзивец одигра 30 натпревари во Бундеслигата, при што запиша 11 погодоци и 5 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани