Леонардо проговори за можноста Роналдо да потпише за ПСЖ: Ако едно утро тој се разбуди и…

by
1 минути читање

Синоќа во италијанските медиуми се појавија гласини кои велат дека Јувентус е подготвен идното лето да се раздели со Роналдо со цел да ги намали трошоците.

Леонардо денеска беше запрашан дали Роналдо би можел да потпише за ПСЖ.

„Ако Роналдо едно утро се разбуди и рече „Сакам да потпишам за други тим“ каде би можел да оди?“, вели Леонардо.

„Има само пет или шест клубови за кои би можел да потпише, тоа е затворен круг и ПСЖ е во него“.

„Ние секогаш го подготвуваме нашиот трансфер пазар и правиме листа на проритети, но некогаш се случуваат исклучителни работи, сепак во последниот преоден рок ништо не се случи. Немаше луди трансфери“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×