Лео Меси за прв
пат се појави на прес конференција по преселбата во МЛС, Аргентинецот се сретна
со новинарите во пресрет на финалето во Лига Купот помеѓу Интер Мајами и Нешвил.
„Многу сум среќен
бидејќи мој избор беше да дојдам во Мајами, за ова се подготвував со години“ –
вели Лео Меси.
„Но тоа не можам
да го кажам за Париз. Одлуката беше брза. Ниту сакав, ниту планирав да се
преселам во Париз. Никогаш не сакав да заминам од Барселона. Работите се
променија преку ноќ… ми беше тешко. Но тука во Мајами е сосема спротивно“.
Аргентинецот
потоа додаде: „Не дојдов во САД да го развивам фудбалот, дојдов за да уживам.
Среќен сум со одлуката, не само јас, туку и целото семејство. Од првиот ден сме
одлично пречекани, не само во Мајами, насекаде во САД. Престојот тука е
спектакуларен. Многу сум среќен и уживам во овој момент“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.