Ленс се врати од 3-0 против Брест и одигра херојско реми

by 24 фудбал
1 минути читање

Брест и Ленс одиграа драматично реми (3-3) во 31 коло од Лига 1, натпревар во кој гостите се вратија од голема негатива.

Домашниот тим имаше фуриозно прво полувреме и со головите на Гвиндо, Лукас Тусар и Ерик Дина Ебимбе обезбеди водство од 3-0 до паузата.

Сепак, продолжението донесе целосен кам-бек на теренот. Флориан Тован го намали резултатот, а Сима го даде вториот гол за гостите. Во самиот финиш, поточно во 94 минута, Ален Сен-Максимен израмни за конечни 3-3.

Со освоениот бод, Ленс останува во трката со Пари Сен Жермен, но со три бода негатива и натпревар повеќе, шансите за титулата се намалени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×