Пеп Гвардиола беше надмудрен од неговиот доскорешен помошник Микел Артета. Арсенал одигра тактички перфектен меч и сосема заслужено се радува на голем триумф.
Резултатот беше отворен во 19. минута кога по асистенција од Пепе, Обамејанг постигна гол за водство на Арсенал од 1-0.
Во првото полувреме топчиите можеа и повеќе да водат, но пропуштија уште неколку шанси преку Обамејанг, Лаказет и Мустафи.
Во вториот дел Сити нападна уште посилно, Арсенал играше одлична дефанзива и се закануваше од контри. При еден таков брз напад Обамејанг постигна нов гол и зголеми на 2-0.
По вториот гол Арсенал уште повеќе се затвори, а Манчестер Сити немоќно се обидуваше да создаде шанса.
Тимот на Пеп Гвардиола изгледаше немоќно во текот на целиот меч, ја немаше разиграноста која ги краси, а не создаваа ниту шанси за гол, нивната иницијатива беше јалова.
Арсенал во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Челси.