Марек Хамшик во декември го постигна 115 гол за Наполи со кој се изедначи со Марадона, а веќе во следното коло го помина неговиот рекорд и стана најдобар стрелец во историјата на Наполи.
Пред една недела Хамшик му го подари дресот на Марадона со кој го изедначи неговиот рекорд и ја објави посветата на инстаграм.
Un pensiero per la leggenda del Napoli @maradona
„Диего, еве сум со овој дрес, за мене многу посебен, бидејќи во него го стигнав твојот рекорд од 115 гола за Наполи. Тоа беше важен момент за мене, бидејќи се почувствував блиску до еден шампион како тебе. Штом го постигнав голот, веднаш помислив на тебе. Затоа би сакал да ти го подарам овој дрес од мечот со Торино, со посвета. Се надевам дека ќе ти се допадне, силна прегратка од мене. Секогаш напред Наполи!“, рече тогаш Хамшик.
Марадона денеска го примил дресот па и тој исто како и Хамшик со објава на социјалната мрежа му се заблагодари на словачкиот фудбалер и тој му подари дрес.
Al mio amico @marek_hamsik_17_official con tutto il mio cuore. Evviva il record! #ForzaNapoliSempre
„Марек, голема чест ми е што ми го прати дресот со кој го урна мојот рекорд, бидејќи ние сме двајца вљубеници во синиот дрес. Многу играчи поминале и не оставиле ништо, но ние двајцата оставивме белег во големиот Наполи. Се наодјобро и прегратка од твојот пријател Диего“, рече Марадона.
Марадона е вистинска икона на Наполи, седум години го носеше дресот на италијанскиот клуб и му донесе две титули во Серија А. Марек Хамшик пак ја завршува десетата сезона во клубот од Неапол и тој е голема легенда.