Легендите на Јунајтед презедоа контрола врз англиски четвртолигаш и имаат високи амбиции

by 24 фудбал
1 минути читање

Дејвид Бекам и Гери Невил, членови на славната генерација на Манчестер Јунајтед и поранешни репрезентативци на Англија, ја предводат новата сопственичка структура на Салфорд Сити, клуб кој се натпреварува во англиската Лига 2.

Двајцата уште во 2014 година вложија во клубот заедно со Рајан Гигс, Пол Сколс, Фил Невил и Ники Бат, но денес тие четворица повеќе не се дел од сопственичката структура. Во новата постава покрај Бекам и Гери Невил, се приклучија и американскиот бизнисмен Деклан Кели, како и претседателот на Британската тениска асоцијација, Мервин Дејвис.

Станува збор за уникатно партнерство со разновидна експертиза, но она што не обединува е љубовта кон фудбалот. Јасно е дека фокусот ќе биде на теренот, но особено важно ќе биде во следните 4-5 години да ја поставиме основата за одржлива иднина на клубот“, изјави Гери Невил.

Бекам, кој потекнува токму од Салфорд, додаде: „Салфорд Сити е срцето на локалната заедница. Клубот има богата историја и среќен сум што ќе бидам дел од неговата следна фаза.

Бекам е веќе активен во сопственички води како ко-сопственик на Интер Мајами, клуб во кој настапува Лионел Меси. Од моментот кога Бекам и Невил првпат влегоа во Салфорд Сити, клубот од аматерски се искачи до професионален ранг и за само пет години избори четири промоции. Во сезоната 2024/25, тимот заврши на осмата позиција во Лига 2 и остана без место во плејофот за третата лига.

Се очекува новите сопственици да вложат и во тимот и во инфраструктурата, со цел Салфорд Сити да продолжи со развојот и да се приближи до повисоките нивоа на англискиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани