Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Англија, Ники Бат влегол во физичка пресметка со полицаев, објави „Сан“.
Инцидентот се случил во ресторанот во кој Бат го прославувал својот 50-ти роденден. Според информациите на медиумите се започнало кога полицаецот реагирал затоа што Бат уринирал на ѕидот на локалот.
Тогаш екс-фудбалерот на „црвените ѓаволи“ бурно возвратил и го удрил со глава полицаевот кој завршил со скршен нос и повреди на лицето, а бил пренесен и во болница.
„Имаше многу крв, луѓето беа шокирани кога лицето од обезбедувањето дојде со повреда“, изјавил еден од очевидците на настанот.
Во кариерата Бат беше дел од Манчестер јунајтед од 1992 до 2004 година, а потоа помина шест години во Њукасл до 2010 година за во залезот на кариерата го носи дресот и на Бирмигем.