Легендата на Ливерпул за следната дестинација на Клоп: Не знам дали треба да ви го кажам ова, но не е голема тајна…

by
1 минути читање

Јирген Клоп во петокот соопшти дека го напушта Ливерпул по крајот на сезоната, Германецот објасни дека останал без енергија по девет години на клупата на „Енфилд“.

Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат каква ќе биде иднината на стратегот, како опции се споменуваат Баерн Минхен и Барселона.

Но легендата на Ливерпул, Марк Лоуренсон очекува Јирген Клоп да се релаксира на познатиот шпански остров Мајорка.

„Не знам дали треба да ви го кажам ова, но не е голема тајна. Клоп гради вила на Мајорка. Имам куќа во близина, пред некој месец се видовме и разговаравме токму за ова, го прашав до каде се работите“ – открива поранешниот дефанзивец на „црвените“.

„Па очекувам одредено време да се релаксира таму и да одмори“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×