Арсенал се
доближи на два бода до Ливерпул откако денеска со 3-1 ги совладаа „црвените“ на
„Емирати“.
„Топчиите“ се
вратија во игра за титуалта, но Џејми Карагер смета дека најголем победник
денеска е Манчестер Сити.
„Може да се каже
дека Арсенал се врати во игра за титулата, но ако бидам искрен, мислам дека
денешниот резултат е подобар за Манчестер Сити отколку за Арсенал“ – вели Џејми
Карагер.
„Мислам дека
Манчестер Сити го гледа Ливерпул како поголема закана во битката за титулата
бидејќи изминативе години беа рамо до рамо, и Ливерпул има играчи кои пред
неколку години беа шампиони“.
„Па според мене, Манчестер
Сити е најголемиот победник денеска“.
Манчестер Сити
има три бода помалку од Арсенал и пет во однос на Ливерпул, но и два заостанатите натпревари, и доколку ги
добијат, ќе избијат на чело на табелата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.