Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер, откри дека во еден момент сериозно размислувал да замине од клубот на кој му ја посвети кариерата.
Во интервју за германските медиуми Милер откри дека во 2019 година и тоа во зимскиот преоден рок бил близу до заминување. Милер побарал од клубот да замине ако не му се промени ситуацијата.
„Му кажав на клубот дека ако не се промени мојата ситуација, сакам да разгледам можности и да заминам назима. За улогата на резерва во тој момент бев премногу нетрпелив“, откри Милер.
Во тој момент тимот го предводеше Нико Ковач, а во плановите на Хрватот немаше редовно место за Милер кој имаше мала минутажа. По барањето од клубот да остане трпелив до јануари дојде до отказ за Ковач, па ситуацијата сама се среди.