Баер Леверкузен
има одлична сезона, „фармацевтите“ се уште немаат доживеано пораз, а изминатиов
викенд му одржаа лекција на Баерн Минхен, го совладаа со 3-0 и се одлепија на
+5 на врвот на табелата.
Па од сите страни
пристигнуваат пофалби за работата на тренерот Чаби Алонсо, и како тој ги склопи
коцките.
Но поранешниот
претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес го оспорува ефектот на Шпанецот и вели
дека среќата е голем фактор за одличната сезона.
„Чаби Алонсо има
играчи кои му одговараат на стилот на игра. Но имаа доста среќа со трансферите.
Никој не знаеше кој е Виктор Бонифејс, никој не знаеше кој е Алекс Грималдо“ –
вели легендата на „баварцит“.
„Треба да ви се
посреќи кога играч доаѓа во нова земја, во нов клуб и остава таков белег врз
играта“.
Алекс Грималдо
пристигна во Баер беспари, левиот бек оваа сезона има 10 погодоци и 11 асистенции во
сите натпреварувања.
Виктор Бонифејс
беше купен за нешто над 20 милиони евра, напаѓачот зад своето име има 16 погодоци
и 8 асистенции на сите натпревари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.