Легендата на Арсенал: Уште еден пораз и Венгер може да добие отказ

by
1 минути читање

Уште една година
во која клубот од Северен Лондон веќе во февруари ги губи шансите за добра
сезона.

По поразот од
Челси, Арсенал има заостанување од 12 бода во Премиерлигата, а во Лигата на
Шампионите ги чека тешка пресметка со Баерн Минхен во осминафиналето.

Па притисокот врз
Арсен Венгер е огромен и легендата на „Топчиите“, Пол Мерсон вели дека
Французинот би можел да добие отказ доколку Арсенал загуби овој викенд против
Хал.

„Притисокот е
голем, доколку загубат против Хал, не гледам како Арсен Венгер ќе ја задржи
работата“
– вели Мерсон.

„Ќе биде толку
токсично, па не можам да видам како тој останува“.

Сепак, тој
очекува Арсенал без поголеми проблеми да освои три бода.

„Ќе видиме уште
едно типично сценарио за Арсенал. Ќе победат со 3-0, одново се ќе биде супер и
Арсен Венгер ќе биде најдобриот менаџер во светот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани