Томаш Росицки (44), поранешната ѕвезда на чешката репрезентација и актуелен спортски директор на Спарта Прага, е итно хоспитализиран поради срцеви проблеми. Веста ја потврди клубот Спарта, каде Росицки работи изминатите шест и пол години.
„Нашиот спортски директор Томаш Росицки неочекувано беше хоспитализиран на интензивна нега минатиот вторник поради срцеви проблеми“, соопштија од Спарта Прага.
Според информациите, Росицки веќе неколку дена е во болница, откако се пожалил на болки во пределот на срцето. Клубот дури денеска официјално се огласи во јавноста со информацијата за неговата здравствена состојба.
Росицки е едно од најголемите имиња во историјата на чешкиот фудбал. Кариерата ја започна токму во редовите на Спарта, од каде направи трансфер во Борусија Дортмунд, а потоа и во Арсенал, каде ги помина најдобрите денови.
Со Борусија во 2002 година стана шампион на Германија, а со Арсенал освои два ФА Купа и еден Лига куп. За лондонскиот клуб одигра вкупно 246 натпревари, постигна 28 голови и забележа 23 асистенции. Во дресот на Дортмунд има 189 настапи, со 24 голови и дури 47 асистенции.
За репрезентацијата на Чешка настапи 105 пати, оставајќи длабок траг и на меѓународната сцена