Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо откри дека по завршувањето на кариерата минувал низ еден од најтешките периоди во животот.
Во подкаст посветен на фудбалските легенди, поранешниот голгетер призна дека по повлекувањето во 2011 година западнал во депресија и тешко се помирил со фактот дека повеќе нема да игра фудбал.
„Кога ќе одлучите да престанете да играте, чувството е како да сте изгубиле некој близок. Паднав во длабока депресија, се здебелив и многу тешко го прифатив крајот на кариерата. Помислата дека повеќе нема да играм беше застрашувачка“, изјави Роналдо.
Тој додаде дека со текот на времето успеал да пронајде нова цел, иако чувството дека повеќе не е активен фудбалер долго време не го напуштало.
„Во еден момент сфаќате дека постојат и други работи на кои можете да им се посветите и повторно се пронаоѓате. Но, мислата дека повеќе нема да играм фудбал уште долго ме следеше“, порача Бразилецот.