Легендарниот Мората потпиша за второлигаш!

by riste
1 минути читање

Шпанскиот напаѓач кој играше за Реал Мадрид, Челси, Јувентус, Милан, Атлетико… сега ќе настапува за второлигашот Леганес.

По неуспешната авантура во Комо, Алваро Мората реши да се врати во Шпанија, но изборот ги изненади сите, ќе настапува за Леганес во втората лига.

Шпанскиот клуб денеска го потврди трансферот на Мората, тој таму оди на едногодишна позајмица од Комо со опција за целосен откуп по крајот од сезоната.

33-годишниот напаѓач зад себе има повеќе од 600 професионални натпревари и над 200 голови, како и богата колекција од повеќе од 20 трофеи. Во кариерата настапуваше за Реал Мадрид, Јувентус, Челси, Атлетико Мадрид, Милан, Галатасарај и Комо.

Со Реал Мадрид двапати ја освои Лигата на шампионите, додека со Шпанија беше европски шампион во 2024 година и победник во Лигата на нации во 2023 година.

Мората има и 87 настапи за шпанската репрезентација, со 37 постигнати голови, што го става на четвртото место на вечната листа на стрелци на националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×